Било кога било каде, Фалангата за ракометарите срце ќе даде

Ракометот во Македонија е екстра популарен, тоа се потврди и вечерва во Прешов каде македонските навивачи ги бодреа македонските репрезентативци и беа погласни од домашната публика, која не ни имаше многу причини за задоволство со оглед на случувањаата на теренот.

Чудо треба да се случи Македонија вгодина да не игра на СП, а сигурно дека и во Германија тимот ќе има голема поддршка како и секаде каде што игра.

И на ЕФХ и ИХФ им одговара да има селекции со фанови како нашите. Се покажа дека Словаците не се многу запалени за ракомет, за разлика од Фалангата која допатува во Прешов од разни страни, а најголемите групи беа од популарната Фаланга од Виена како и скопската Стара гарда Комити.

Овие вљубеници во ракометот и во македонската репрезентација задоволни ќе се вратат дома и јасно е дека веднаш после ждрепката во јуни ќе почнат да прават планови за ново масовно присуство на СП во Германија. На ракометарите е да победуваат на вакви мечеви на кои се фаворити и да изненадуваат пријатно кога се аутсајдери, македонските навивачи кои се меѓу најверните на светот и секаде го следат и бодрат тимот, го заслужуваат тоа.

- Оглас -

Најнови вести