Битолчани освоија шест злата на голем настан за боречки вештини во Грција

Академијата за боречки спортови и вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола во вистинско светло ја претставуваше Битола и нашата држава собирајќи златни медали на меѓународните турнири кои се одржаа во градот Лангада во Грција .

Грчката федерација за боречки вештини и спортови ја покани Академијата да учествуваат на осмиот Интернационален и 12-ти Сегрчки шампионат за боречки вештини и спортови кој се одржа викендов. Македонските натпреварувачите имаа фантастичен настап и се вратија дури со 6 златни медали, што е потврда за квалитетот на работата на Академијата.

На настанот имаше борци од над 100 клубови со повеќе од 1.000 натреварувачи, додека „ЗА НЕД ДО“ беше составен од пет натпреварувачи кои се натпреваруваа во неколку дисциплини, повеќето борби.

Тимот на „ЗА НЕД ДО” го предводеше главниот тренер на Академијата, Дијана Неделковска.

„Овој настан за грчките боречки спортови и вештини е најголем во текот на годината, а ние настапуваме веќе седми пат. Голема чест ни е што Грчката федерација нè кани на настан на кој нема грчки клуб или академија кој не учествува. Годинава поради финансиите Академијата беше принудена да состави мал тим. Шесте злата се потврда дека патеката по која чекориме е исправна“, вели Неделковска.

За македонскиот тим се натпреваруваше и д-р Кире Здравески, кој со своите 75 години беше највозрасниот натпреварувач на овој спортски настан

- Оглас -

Најнови вести