Благојчо го доби главниот подарок од Спортската прогноза, а сега ќе се обиде и да донира со Sport Life (Фото)

Осмата сезона од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, и официјално заврши, а најуспешен беше Благојчо со 203 погодени натпревари. Сосема заслужено го доби главниот подарок – 55-инчен 4к самсунг телевизор.

„Неколку години наназад ја играм Спортската прогноза и навистина сум му благодарен на Sport Life за подарокот. Ова е убедливо најдобрата сезона за мене, досега не бев блиску до водечките места, но сега навистина добро одиграв и мислам дека заслужено победив“, вели Благојчо.

Благојчо за себе вели дека знае понекогаш да одигра и некој тикет во Sport Life, онака на ситно, но ни приближно не е успешен како во Спортската прогноза.

„Знам да одиграм и тикет во Sport Life со мала уплата, а најголемата добивка што сум ја добил е околу 10.000 денари. Телевизорот од Спортската прогноза е убедливо највредниот подарок што го имам добиено. Секако, наредната сезона повторно ќе ја играм бесплатната игра на Sport Life и ќе се обидам да бидат уште поуспешен“, рече Благојчо.

Подароци од Sport Life имаше за петтемина најуспешни типувачи во осмата сезона на Спортската прогноза. Освен телевизорот, кој го доби на подарок Благојчо, типувачите од второто до петтото место во генералниот пласман на подарок си добија од 200.000 до 500.000 СЛ поени.

Во продолжение хуманитарниот тикет кој го одигра Благојчо, кој доколку биде добитен, средствата ќе бидат донирани онаму каде што ќе бидат најпотребни.

- Оглас -

Најнови вести