Блесна на теренот и беше незадржлив за шампионот, но сите му се смеат поради еден потег (Видео)

Пол Џорџ беше предводник на Лос Анџелес клиперс во триумфот против градскиот ривал Лос Анџелес лејкерс во дербито на првиот ден од новата сезона во НБА-лигата. Клиперс славеше на гости со 116:109, а Џорџ беше најефикасен на теренот со 33 поени.

И покрај блескавата игра, на крајот сите зборуваат за смешниот потег кој го направи предводникот на гостите, односно додавањето на топката кон СУДИЈАТА. Во еден брз напад, Џорџ мислејќи дека има соиграч во аголот од теренот, брзо само ја подаде топката, а потоа збунето гледаше дека таму наместо негов соиграч, стои еден од тројцата судии. Збунувачкиот израз на лицето доволно зборува за тоа што го направи Џорџ, кој, сепак, на крајот беше херој во победата над шампионот. 

- Оглас -

Најнови вести