Богата НБА вечер со 11 натпревари и дури 61 кошаркар за играта „плус-минус“, програмата започнува во европски термин и тоа со трипл-дабл машината Јокиќ

Вечерва во најсилната кошаркарска лига, НБА, ќе се одиграат дури 11 натпревари, а стартот е во европски термин, од 21 часот и тоа на големо задоволство на фановите на стариот континент.

Програмата во НБА лигата, може да започне со пресметката на двајцата најдобри центри, кои и се главни фаворити за МВП трофејот, Никола Јокиќ и Џоел Ембид.

Јокиќ е вистинска трипл-дабл машина сезонава и е главен фаворит за трета година по ред да биде прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната, додека Ембид е прв стрелец со просек од 33.4 поени по натпревар.

Но, постои голема можност, Ембид да не настапи вечерва поради повреда на стопалото.

Денвер со скор 34-15 е најдобар во Западната конференција, додека Филаделфија има 31 победа во 47 натпревари и е втора на Истокот, веднаш зад Бостон.

Ова не е единствено дерби вечерва што ќе се игра на НБА терените, само што ќе заврши мечот меѓу Денвер и Филаделфија, ќе започне тој меѓу Бруклин и Њујорк во кој мрежичките се благи фаворити и квотата за „кец“ е 1.81.
Вечерва меѓу себе ќе играат и двете најтрофејни екипи, Бостон селтикс и ЛА Лејкерс кои имаат по 17 шампионски титули. Фаворит за триумф е Бостон и квотата изнесува 1.40.

Во НБА понудата на Sport Life има и 61 кошаркари како избор за игра на плус, или на минус поени.

Има доста добри стрелци за да се одигра на плус поени, а меѓу фаворитите се Џејмс Харден, Никола Јокиќ, Пол Џорџ, Никола Вучевиќ, Деарон Фокс, Џејсон Тејтум, Леброн Џејмс, Расел Вестбрук…

- Оглас -

Најнови вести