Бохемијан рапсодија на фудбалски начин – Кога не може на трибини, ќе се качиме на дрво (Видео)

Малку беа, ама и исклучително се храбри навивачите на чешкиот Бохемијанс, па од необично место го следеа дуелот со Теплице, што вчера нивните миленици го добија со 4:0.

Качени на околните дрвја неколкумина симпатизери на клубот што бие битка за пробив во Топ-10 и настап во плејофот за Европа го следеа мечот на кој ѝ се радуваа на победата.

Бохемијанс беше убедлив и славеше со 4:0 против Теплице, па се доближи само на три бода од позициите што гарантираат учество во плејофот во Чешка.

Нивните навивачи во стилот на познатата Бохемијан рапсоди на култната музичка група Квин имаа необично шоу на уште понеобично место за следење фудбал.

https://twitter.com/matycharvat/status/1265745648772698120?s=20

- Оглас -

Најнови вести