Бојан Димоски потпиша за тетовска Шкендија

Шкендија Тетово го објави потпишувањето на договорот со бекот Бојан Димоски, кој е репрезентативно засилување на тимот во овој преоден рок.

Откако успешно ги помина медицинските прегледи, 24-годишникот потпиша двегодишен договор со клубот и веднаш отпатува за Словенија за да се приклучи на групата во подготвителната фаза. Се очекува тој да му биде на располагање на тренерот Артим Положани денес, на контролниот натпревар против Копер од 18.30 часот.

Родениот прилепчанец е разновиден играч во одбранбениот дел. Иако неговата природна позиција е лев бек, тој успешно ги покрива и другите позиции како што се десен бек, дефанзивен играч од средниот ред и крило, во зависност од тактичката поставеност на тимот.

Димоски има значително меѓународно искуство, вклучувајќи 21 настап за репрезентацијата на Македонија. Пред да се пресели во странство, тој играше за Брера Струмица, а потоа беше член на руски Акрон Тољати, од каде што играше на позајмица во Србија за Партизан Белград и Бачка Топола.

- Оглас -

Најнови вести