Бока е „зицерот“ за ноќеска, Шапекоенсе мора да стави крај на кризата

Бока јуниорс – Алдосиви (01ч – Аргентина прва лига, трето коло)

Фудбалерите на Бока ќе се фокусираат на домашното првенство по елиминацијата во Копа Либертадорес. По две кола, актуелниот јужноамерикански вицепрвак има четири бода, а целта е уште во воведниот дел од сезоната да се воспостави стабилност. Затоа ноќеска ќе настрада тимот на Алдосиви, кој уште е во потрага по првите три бода.

Што се однесува за меѓусебните дуели во аргентинскиот шампионат, Бока има подобар учинок од 2-1, а еден меч заврши без победник. Во двете победи Бока постигна по четири гола, а и ноќеска се очекува да ја полнат мрежата на гостите.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.55)

 

Шапекоенсе – Аваи (00:01ч – Бразил прва лига, 15-то коло)

Шапекоенсе е во катастрофална форма и полека тоне кон дното на табелата. Само еден триумф во последните 10 првенствени меча, од кои шест им се порази, ја потврдува кризата на освојувачот на Копа Судамерикана од 2016 година.

Ноќеска на домашен терен им гостува тимот на Аваи, кои имаат три последователни победи против Шапекоенсе. Но, време е да се стави крај на кризата, така што ќе очекуваме триумф на домаќините, кои може да ги издигне од црвената зона на табелата.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

Некакса – Сантос Лагуна (Мексико втора лига, петто коло од втора полусезона)

Сантос Лагуна може да ја преземе лидерската позиција на табелата пред Клуб Америка, а имајќи во предвид дека засега имаат перфектен учинок од четири последователни победи, и треба да се очекува „пет од пет“.

Иако Некакса им украде три бода во март, Сантос Лагуна има три победи на последните четири гостувања на „Викторија“ стадионот. Фудбалерите на Лагуна во просек постигнуваат по три гола во претходните четири кола, па ако сакаат нов позитивен резултат ќе треба одново да ги наместат нишаните.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

Портланд тимберс – Атланта јунајтед (04ч – МЛС лига)

Портланд во четвртиот меѓусебен дуел против Атланта ќе се обиде да го запише првиот триумф. Двете екипи се во добра форма во пресрет на овој дуел, со по четири победи и еден пораз. Гостите од Атланта пак, имаат намера да се изедначат по бројот на бодови на табелата со Филаделфија, а за тоа ќе треба да одиграат квалитетен меч.

Портланд бие битка за последното место кое води во разигрувањата, засега има 37 бода, исто колку и Далас. Ќе биде неизвесен дуел, а тоа може да резултира со мал број на погодоци.

Предлог тип: 1X & 0-3 (2.55)

- Оглас -

Најнови вести