Бока за Нова година си доби нов тренер

Со заминувањето на 2019 година се случи и заминување на тренерот Густаво Алфаро од аргентинсиот гигант Бока јуниорс. За нов стратег на тимот од Буенос Аирес е назначен Мигел Анхел Русо. Тоа е стратег со 30-годишно искуство, а речиси целата кариера ја помина во Аргентина.

Русо беше на чело на Бока во 2007 година и во витрините на клубот донесе титула од првенството во Клаусура, како и пехарот во Копа Либертадорес. Сега, 13 години подоцна, повторно неговата мисија е Бока да се радува на нови трофеи.

- Оглас -

Најнови вести