Боксерот кој се бореше со Тајсон со еден удар го прати на „спиење“ насилникот (Видео)

Некогашниот боксер во тешка категорија Џулиус Францис, кој во минатото се бореше и против Мајкл Тајсон, сега работи како обезбедување пред Бокспаркот на „Вембли“, а денеска мораше да интервенира за да смири еден насилник пред влезот.

На снимката која е споделена на социјалните мрежи се гледа како еден маж повеќе пати влегува во конфликт со луѓето од обезбедувањето и други луѓе кои му се најдоа на патот. Неколку пати ги навредуваше и се закануваше, но тоа беше така сè додека Џулиус не реши да ги преземе работите во свои раце.

Само со еден удар со десната рака, некогашниот боксерски тешкаш го патосира насилникот и го прати „на спиење“.

Францис е некогашен европски првак во кикбокс, а во боксерската кариера имаше 23 победи (12 со нокаут), едно реми и 24 порази. Против Тајсон се бореше во далечната 2000 година, кога загуби со нокаут во втората рунда. За тие четири минути колку што издржа во рингот со Тајсон, Францис дури петпати се најде на подот по ударите на Челичниот Мајк.

- Оглас -

Најнови вести