Болт разочаран: Не добив прилика да докажам дека сум добар фудбалер

Најбрзиот човек на светот, некогашниот атлетичар од Јамајка, Јусеин Болт, изјави дека жали што не му е дадена соодветна шанса да се докаже во професионалниот фудбал.

„Мислам дека не добив вистинска прилика. Мислам дека ќе бев добар“ – изјави Болт кој е осумкратен олимписки првак, светски рекордер на спринтерските трки на 100 и 200 метри.

Пред две години Болт се повлече од атлетиката и се обиде да почне фудбалска кариера. Тренираше со австралискиот клуб Централ коуст и даде два гола на пријателски меч, но преговорите за професионален и постојан договор пропаднаа. Болт се обиде и во клубови во Германија, Јужна Африка и Норвешка, но и таму ништо, па се откажа од идејата.

- Оглас -

Најнови вести