Болт уште има „молња“ во нозете (Видео)

Јамајканскиот спринтер и светски рекордер на 100 и 200 метри, Јусеин Болт, покажа дека е многу брз и сега кога е во спортска пензија.

Во пресрет на вечерашниот Супербоул од НФЛ лигата, од Болт беше побарано да истрча 40 јарди на трева. Без никаков тренинг, со обични патики и панталони и маица, Болт овие 40 јарди ги истрча за 4,22 секунди, што е исто време како рекордот во НФЛ лигата кој го држи Џон Рос од 2017 година.

Многумина се прашуваат каков ќе беше резултатот ако Болт уште беше активен атлетичар, и ако беше облечен во спортска опрема и спринтерки на нозете. Најбрзиот човек малку забави во финишот, бидејќи само неколку метри по целната линија имаше заштитна ограда, па мораше малку да „кочи“.

Погледнете го спринтот на Болт:

- Оглас -

Најнови вести