„Бомба“: Де Коло потпишува за Фенербахче

Бекот на ЦСКА Москва Нандо Де Коло, се наоѓа пред преселба во редовите на Фенербахче. Де Коло веќе се согласил на двегодишен договор со можност да се продолжи на уште една година, така што во најскоро време ќе пристигне во Истанбул. Французинот го избра турскиот вицепрвак со кој ќе се биде да дојде до нова титула во најелитното кошаркарско натпреварување во Европа, откако со Армејците ја освои лани, но и во 2016 година.

Обрадовиќ добива екстра засилување по неуспешната сезона во која го освоија само турскиот куп, а ја загубија титулата во мајсторката против Анадолу ефес. Од големиот ривал беа поразени и во  евролигашкиот фајнл-фор турнир.

Фенербахче претходно ги обезбеди услугите на Џиџи Датоме и Костас Слукас со нови договори, а наводно се заинтересирани и за крилниот центар на Барселона, Крис Синглтон.

- Оглас -

Најнови вести