„Бомба“ во Торино: Андреа Пирло e новиот тренер на Јувентус!

Андреа Пирло ќе биде наименуван за нов тренер на Јувентус, пишува добро упатениот италијански новинар Фабрицио Романо. Старата дама остана без тренер, откако денеска отказ доби Маурисио Сари. Тренерот доби „клоца“ од Јувентус по вчерашниот неуспех во Лигата на шампиони. Јувентус беше елиминиран во осминафиналето од Олимпик Лион.

Иако на листата на можни тренери се и Маурисио Покетино и Пеп Гвардиола, сепак најблиску до клупата е Пирло. Некогашниот легендарен играч, пред само неколку дена беше наименуван за тренер на вториот тим на Јувентус, но можно е Пирло веднаш да ја добие главната тренерска фотеља во најтрофејниот италијански клуб.

Пред да прифати да биде тренер на младинскиот тим на Јувентус, Пирло вели дека одбил неколку понуди од повеќе клубови во Италија и Англија. сега добива шанса за прв голем предизвик и тоа како предводник на европскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести