Бонучи откри кој тим сака да го избегне во осминафиналето

Јувентус го осигура првото место во групата Д, односно пласманот во нокаут фазата од ЛШ по минималниот триумф над Атлетико Мадрид. На едно коло до крајот на групната фаза, Старата дама има 13 бода, шест повеќе од Јорганџиите, па во нивните редови веќе се размислува за потенцијалните противници во првата рунда.

Околу тоа проговори привремениот капитен Леонардо Бонучи, а го наведе актуелниот вицепрвак како тим кој би сакал да го избегне.

„Кога би морал да бирам, би рекол Тотенхем. Мурињо е човекот што во одредени ситуации може да извлече нешто плус од своите играчи, за да ја оствари целта. Тоа го прави посебен, затоа и ги остварил сите негови успеси“, истакна Бонучи.

Тотенхем е еден од потенцијалните противници на Јувентус бидејќи во нокаут фазата влегоа како второпласирани во групата против Баерн Минхен, Црвена ѕвезда и Олимпијакос, така што овој страв на Бонучи може да стане јаве.

- Оглас -

Најнови вести