Борко го советува Талески, а Лазаров во разговор со Кузмановски (Фото)

Македонските ракометари се во позитивно расположение, на денешниот тренинг демонстрираа заедништво, сите се свесни за важноста на утрешниот дуел со домашната Австрија. И после поразот од Чешка, никој не помислува дека тимот може да испадне од ЕП после првата фаза.

Најискусните, Кирил Лазаров и Борко Ристовски, ги советуваа помладите колеги, а сето тоа под будното око на селекторот Данило Брестовац. Доколку одиграат најдобри што знаат и онака како што ќе биде договорено и тренирано, Македонија може да се надева на успех против опасната Австрија која славеше во првите две кола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести