Борусија Дортмунд даде 11 голови против тимот на нивниот поранешен тренер

Борусија Дортмунд даде дури 11 голови на контролниот натпревар против Австрија Виена, екипа која ја води некогашниот шеф на стручниот птаб на Милионерите од Дортмунд, Петер Штегер. Жолто-црните немаа никаква милост, и победија со 11-2 (четири гола во првото и седум во второто полувреме), а во игра не влезе голгетерот Ерлинг Халанд, но тука беа Санчо, Азар, Џан, Реина и другите ѕвезди.

После „осумката“ на Баерн против Барселона во ЛШ, Борусија на ривалот му одговори со 11 погодоци, во многу полесен и неспоредливо понезначаен меч, но испратија порака дека нападот им е феноменален. Австрија Виена не е аматерски меч и не е баш лесно да им се дадат 11 гола. Двата тима играа со комбинирани состави, во прво полувреме играа со едни, а во второто полувреме со други 11 фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести