Борусија конечно победи во Дортмунд, заслугата е на одбраната

Борусија Дортмунд победнички ја започна новата 2021 година, со 2-0 против Волфсбург. За Борусија заврши црната серија од три домашни порази по ред, а тимот успеа и за првпат од октомври да добие бундеслигашки меч без да прими гол.

Одбраната беше заслужна за победата. Освен што не примија гол, погодокот за 1-0 дојде од Мануел Ајанџи кој погоди со глава по нафрлувањето од корнер на Џејдон Санчо. Во финишот (91 минута), триумфот го потврди Санчо со својот прв гол сезонава.

Со оваа победа, Борусија се искачи на четврто место, со три бода зад третиот Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести