Босански репрезентативец ќе биде причина за развод на Карлеуша и Тошиќ!?

Новата година не тргна добро на приватен план за српскиот репрезентативец Душко Тошиќ (33). Дефанзивецот кој игра во Кина во тимот на Гуангжу, на 3 јануари се вратил во Србија и се посомневал дека неговата сопруга, познатата пејачка Јелена Карлеуша (40) се допишува со друг маж.

Тошиќ го земал телефонот на Јелена и во него пронашол многу пораки кои биле адресирани до репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш (29).

Тогаш Душко многу се налутил, па лично му се јавил на дефанзивецот кој настапува во Андерлехт, да му објасни за што се работи, пренесуваат српските медиуми.

Врањеш кој е оженет, минатата година беше поврзуван дека е во врска со пејачката Катерина Грујиќ, а дури има и видео на кое тие се бакнуваат. И покрај таа снимка, Огњен остана во брак со сопругата Даниела.

По појавувањето на веста дека Душко и Јелена може дури и да се разведат, пред помалку од еден час со свој коментар веднаш се огласи и самата Карлеуша.

„Со мојот брак се е ок. Немојте да се грижите. Лоши луѓе, лоши намери… сето тоа кога тогаш ќе им се врати како бумеранг. Нападот врз моето семејство го сфаќам многу сериозно. Не е ни прв ни последен пат. Среќен Божиќ на сите кои го слават“, напиша Карлеуша под сликата на која е заедно со својот маж.

 

- Оглас -

Најнови вести