Бошковски во стилот на Меси, му донесе победа на Пелистер со мајсторска паненка (ВИДЕО)

Екипата на Пелистер по подобро изведување на пеналите, успеа да го мине Работнички и да се пласира во четврт-финалето од Купот на Македонија.

Битолчани со 5:4 беа поумешни од гостите и дојдоа во наредната фаза, а победоносниот гол беше мала мајсторија.

Филип Бошковски во стилот на Лео Меси со прекрасна паненка го измами голманот на гостите и му донесе важна победа на својот тим во најмасовното натпреварување во Македонија.

Ваков пенал е реткост на терените во Македонија и затоа вреди да се погледне неколку пати.

- Оглас -

Најнови вести