Сигурни се победите на Бостон и на Сан Антонио, Лејкерс и Пеликанс ќе одат на се, или ништо

8470 Бостон селтикс – Индијана пејсерс (НБА, 01.30)

Со два порази по ред Бостон си ги подрасипа шансите за првото место во Источната конференција, но се уште има можност да биде на врвот, иако сега не е фаворит.

Келтите загубија од Мајами хит минатата ноќ што може скапо да ги чини, бидејќи токму ривалот е лидер во Источната конференција.

Индијана нанижа три порази по ред, а оддамна ги загуби шансите за плејоф.

И двете екипи знаат да играат брза кошарка, гостите немаат никаков императив и ќе се обидат да одговорат на предизвикот и вторпат по ред да го победат Бостон.

Келтите се сепак поквалитетен тим и типуваме дека ќе се реваншираат за поразот од 128:107 од пред еден месец.

Предлог тип: 1&>225.5 поени (2.25)

 

8471 Хјустон рокитс – Сакраменто кингс (НБА, 02 часот)

За два дена Хјустон и Сакраменто ќе одиграат два меча, а Кингс беа поуспешни минатата ноќ и победија со 121:118 во возбудлив меч.

Гостите имаат минимални шанси за да се пробијат до десеттото место, кое е последно што води во плејофот.

Им треба чудо за да анулираат три победи предност на Сан Антонио и Лејкерс во последните пет меча.

Хјустон е последен на табелата во Западната конференција и единствен мотив им е да го избегнат фенерот.

И двете екипи се напаѓачки, речиси и да не играат одбрана и можна е реприза од ноќеска кога имаше 239 поени.

Предлог тип: >231.5 поен (1.94)

 

8475 Сан Антонио спарс – Портланд трејлблејзерс (НБА, 02.30 часот)

Сан Антонио сам си ја крои плејоф судбината на шест меча до крајот на регуларниот дел на сезоната.

Спарс се на десеттото место во Западната конференција, последно што води во доигрувањето за титупата.

Ист биланс од 31 победа и 45 порази имаат и Лејкерс, па битката ќе биде жестока.

Спарс имаат убава шанса со победа против отпишаниот Портланд да останат на плејоф позиција, а на рака им оди и лошата форма на ривалот и здравствениот билтен.

Портланд има 9 порази и само една победа на последните 10 меча, а во тој циклус загубија со 96:133 од Сан Антонио.

Повредени им се 9 кошаркари, меѓу нив и главните адути Лилард и Нуркиќ и уште три многу важни алки, Симонс, Харт и Инглс.

Спарс ќе ја искористат ситуацијата и ќе победат во нов ефикасен меч против Портланд.

Предлог тип: 1&>230.5 поени (2.25)

 

8476 Денвер нагетс – Минесота тимбервулфс (НБА, 03 часот)

Денвер е во покомотна ситиација од Минесота и е на шесттото место во Западната конференција, токму пред следниот ривал со три победи предност.

Многу е важно да се биде во секстетот најдобри, бидејќи се избегнува дополнителното доигрување што ќе мораат да го играат екипите од седмото до десеттото место.

Денвер може да биде и подобропласиран, односно се уште има шанси и за третото место, бидејќи е во минус од само две победи.

Минесота ќе игра во плејофот, а се бори за подвиг и за пробив барем на шесттата позиција.

Двете екипи имаат мега ѕвезди од калибарот на Јокиќ, Таунс, Едвардс, Расел… и се очекува одличен меч и многу поени.

Предлог тип: >238.5 поени (1.97)

 

8477 Лос Анџелес лејкерс – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 04.30 часот)

Лејкерс ја бијат најважната битка сезонава и ако загубат ќе бидат во деликатна ситуација и можат да останат без плејоф.

Особено и поради тешкиот распоред до крајот кој вели дека двапати ќе играат со Денвер, по еднаш со Феникс и Голден стејт и имаат само еден лесен меч со Оклахома.

Пеликаните се во покомотна позиција на шест меча до крајот и се деветти, со две победи повеќе од Езерџиите.

Настапот на Леброн Џејмс за Лејкерс е неизвесен што може да биде дополнителен и голем проблем за најтрофејниот НБА клуб, заедно со Бостон.

Мечот е исклучително важен и можеби е најточно особено за домаќините дека цела сезона е во овој натпревар, па очекуваме да се игра добра одбрана и да има помалку од 230 поени.

Предлог тип: <230.5 поени (1.91)

 

 

- Оглас -

Најнови вести