Бостон не се откажува од првото место на Истокот и победата е единствена опција против тимот кого го совлада во последните четири меча

Вечерва ќе се одиграат шест натпревари во НБА-лигата и сите имаат 161 комбинација. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

Првиот натпревар е меѓу Вашингтон визардс и Бостон селтикс, во кој Келтите се големи фаворити. Бостон на седум меча до крајот на регуларниот дел од сезоната е втор на Истокот со скор од 52 победи и 23 порази и има две победи помалку од лидерот Милвоки.


Квотата за победа на Бостон изнесува 1.20, а згора на тоа Келтите славеа на последните четири меча, од кои два се играа сезонава.
Главен адут на Бостон ќе бидат Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, кои се меѓу осумте најдобри стрелци во НБА-лигата. Тејтум постигнува просечно по 30,1 поен по натпревар, додека Браун има просек од 27 поени.

Мемфис гризлис е тимот во најдобра форма на Западот, има шест победи по ред и девет триумфи во последните десет меча, а вечерва е голем фаворит против Орландо. Квотата за „кец“ е 1.48, додека квотата за триумф на Оклахома сити тандер против Шарлот хорнетс е 1.27. Фаворит е Голден стејт вориорс во дуелот со Њу Орлеанс пеликанс, кој пак има пет победи во низа.

Најнеизвесно би требало да биде на дуелот што ќе се игра во „Стејт фарм арената“, каде што Атланта хоукс го пречекува Кливленд кавалирс. Кливленд веќе си обезбеди пласман во плејофот, додека Атланта е деветта со скор 37-38 и мора да оди на победа.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 32-ца кошаркари се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени. Фаворити да ја поминат предложената граница на поени се: Џејсон Тејтум, Паскал Сијакам, Бам Адебајо, Кевин Лав, Тре Јанг, Паоло Банкеро…

 

- Оглас -

Најнови вести