Бостон се ослободи од Вокер и го врати Хорфорд

Бостон селтикс го пушти Кемба Вокер во Оклахома сити тандер, во замена за искусниот крилен центар Ал Хорфорд, кој се враќа во Масачусетс по две години пауза.

Во редовите на Селтикс се и Мозес Браун, добија и пик од втората рунда на драфот во 2023 година. Тандерси покрај одличниот плејмејкер добија уште 16-тиот пик од првата рунда на овогодинешниот драфт, како и пик од втората рунда на драфтот во 2025 година.

Бостон на овој начин се ослободи од тешкиот договор на Вокер кој вредеше 73 милиони долари. Вокер во изминатите три сезони како играч на Селтикс бележеше просечен учинок од 19,9 поени и 4,9 асистенции по натпревар, пред тоа настапуваше за Шарлот како деветти пик на драфтот во 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести