Брајтон чекаше 12 години и си дочека победа на „Сент Мери“

Брајтон прекина две долги серии со победа од 2:1 против Саутемптон и што е најважно за Галебите освоија многу значајни бодови во битката за опстанок во Премиерлигата.

Чекаа триумф цели 12 години како гости на „Сент Мери“ во Саутемптон, откако последен пат славеа со 3:1 во 2009 година, а успеаја и да ја прекинат серијата од шест меча без победа во англиското првенство.

Рајан Данк во 16. минута со прецизенудар со глава најави дека гостите ќе ги освојат бодовите, но првото полувреме заврши нерешено по голот на Че Адамс за Саутемптон во 27. минута.

Белгискиот репрезентативец Леандро Тросар беше стрелец на клучниот гол за победа на Брајтон во 56. минута.

Галебите сега имаат 29 бода и се на две позиции над опасната зона за испаѓање, а Саутемптон остана на 14. позиција со 33 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести