Бранеше за младата селекција на Англија, а се повлече само на 24 години

Голманот Тед Смит реши на 24 години да ја заврши својата кариера, и тоа поради психолошки проблеми и притисокот од навивачите. Пред пет години тој беше на голот на селекцијата на Англија до 18, 19 и 20 години. Од 2013 до 2019 година беше на голот на третолигашот Саутенд јунајтед, а кога настапуваше во дресот на националниот тим во минатото, соиграчи му беа Деле Али и Лофтус Чик. Лани за него се интересираше Тотенхем.

„Не уживав. Сакав да тренирам и да играм, но кога ќе дојдеа мечевите, притисокот беше огромен, не можев да издржам. По мечевите читав што пишуваа фановите и во 90 проценти немаше ништо лошо, но по пораз, 2-3 коментари кои ќе беа негативни ги паметев и ми остануваа во глава цела недела. Наместо на позитивните, мислев само на негативните работи“, вели Смит, кој ги избришал неговите профили на социјалните мрежи, но и тоа не му помогнало многу, па се откажа од работата за која сонуваат многумина.

 

- Оглас -

Најнови вести