24.2 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Братот на Џуд Белингам не сака да го носи своето презиме на дресот во Борусија Дортмунд

Помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, Џоби дебитираше за тимот на Борусија Дортмунд. Помладиот Белингам летово направи трансфер вреден 30 милиони евра, а дресот на Сандерленд го замени со тој на германскиот гигант.

Борусија Дортмунд е тимот во кој се афирмираше Џуд Белингам, а сега неговиот помлад брат тргнува по истите стапки. Докажаниот Џуд го носеше дресот со бројот 22, а Џоби сега е со бројката 77 на грбот. Интересно е дека Џоби реши на дресот да не го носи своето презиме, а има и причина зошто е таа негова одлука.

Џоби сака да се тргне од „сенката“ на неговиот брат Џуд, па затоа реши на дресот да стои неговото име. Џоби има 19 години и за 30 милиони евра направи трансфер од Сандерленд во Борусија Дортмунд. Неговиот две години постар брат пред две години направи трансфер во Реал Мадрид за сума од 113 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести