Братот на Игуаин демантира дека Гонзало побегнал од Италија

Никола Игуаин, братот на Гонзало, ги демантираше информациите дека напаѓачот на Јувентус поради пандемијата со коронавирусот побегнал од Италија и се вратил дома во Аргентина. Гонзало се вратил бидејќи нивната мајка е болна од рак и сакал да биде покрај неа, но одредени медиуми го критикуваа ЈУжноамериканецот дека не ги почитувал правилата за самоизолација.

„Гонзало не побегна од Италија, туку доби дозвола од клубот да се врати дома за да биде покрај нашата мајка. Таа, како и многу други низ светот боледуваат од рак, а критичарите воопшто не се засегаат околу таа ситуација, туку едноставно на тој начин си ја вршат работата, со напад врз името на мојот брат“, истакна Никола Игуаин.

Во меѓувреме, уште тројца играчи на Јувентус со дозвола ја напуштија Италија, тоа се Даглас Коста, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира. Инаку, како што е веќе познато Ругани, Дибала и Матуиди се заразените членови на Старата дама со вирусот Ковид-19.

 

- Оглас -

Најнови вести