Братот на Меси прво удри по Барселона, па потоа се извинуваше

Братот на Лионел Меси, Матијас, на својот нстаграм-профил ги нападна претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, како и клубот и навивачите, но потоа се пишмани и јавно се извинуваше.

„Нема да се враќаме во Барселона. Ако се вратиме, тогаш ќе има чистка. Меѓу многуте што ќе ги избркаме ќе биде и Жоан Лапорта, кој не е свесен што ѝ дал Меси на Барселона. Каталонците се предавници. Мајка ми велеше дека Лео ќе заврши како Роналдињо, така и се случи“, се дел од тешките зборови со кои Матијас удри по Барселона.

Меѓутоа, набрзо Матијас јавно се извини. Шпанските медиуми шпекулираат дека неговиот испад не му се допаднал на Лионел.

„Сакам да се извинам за тоа што го кажав и што се појави на социјалните мрежи. Само се шегував со син ми и неговите пријатели. Како би можел да помислам такво нешто за Барселона, клуб со толку голема историја и клуб кој толку многу им дал на моето семејство и на Лео? За нас Каталонија е втор дом и тоа сите го знаат. Многу ми е жал и им се извинувам на сите, пособено на навивачите на Барселона“, се извини Матијас Меси.

- Оглас -

Најнови вести