Бразил е фаворит, но 24 години нема победено европски тим во нокаут фаза

Осминафиналето помеѓу Бразил и Норвешка носи загрижувачка статистика за Бразилците. Петкратните светски шампиони ги загубија сите шест натпревари од плејофот на Мундијалите против европски тимови откако ја победија Германија со 2-0 во финалето на Светското првенство во 2002 година.

Тие порази вклучуваат порази од Франција (2006), Холандија (двапати, во 2010 и 2014 година), Германија (2014), Белгија (2018) и Хрватска (2022). Од друга страна, имаат перфектни 7/7 против неевропски тимови. 

Квотите во Sport Life го сметаат Бразил за фаворит, но ќе треба да ја урнат оваа непријатна традиција во дуелите со европските селекции која трае над две децении. Овие фудбалери кои ги има на располагање Карло Анчелоти, не знаат како е да се елиминира тим од Стариот континент.

- Оглас -

Најнови вести