Нема голови по првото полувреме на осминафиналниот дуел Бразил – Норвешка, иако двата тима се израдуваа во одредени моменти од средбата.
Најпрвин Викинзите рано постигнаа гол кој беше поништен поради офсајд, а потоа за Бразил по прегледување на снимка беше досуден пенал кој лошо го изведе Бруно Гимараеш и беше лесен плен за голманот Ниланд.

Ова е прв утнат пенал на Кариоките на СП (не се сметаат пенал серии) по пауза од 40 години. Тогаш Зико промаши против Франција и Бразилците беа елиминирани.
Бразил само еднаш, во далечната 1938 година против Шведска, добил нокаут меч на кој утнал пенал.

