Бразил реши сè за 45 минути, Јужна Кореја за утеха и збогување од Мундијалот го доби второто полувреме (Видео)

Бразил брзо, само за едно полувреме ги разреши сите дилеми на мечот со Јужна Кореја, која ќе игра четвртфинале на Мундијалот во Катар.

Бразилците победија со 4:1, а сите четири гола ги дадоа во првото полувреме и викендов ќе ѝ излезат на мегдан на Хрватска во меч за пласман во полуфиналето.

Винисиус јуниор во седмата и Нејмар од пенал во 13-тата минута набрзина покажаа кој е апсолутен фаворит.

Корејците сè уште не беа освестени од шокот со два примени гола само за шест минути, а веќе примија уште два до крајот на првиот дел.

Ришарлисон по најубавата акција на мечот погоди во 29-тата минута за 3:0 и на интерсен начин, со самба со селекторот Тите и соиграчите го прослави голот.

Во финишот на полувремето погоди и Пакета за убедливи 4:0 и пласман во четвртфиналето само по 45 минути игра.

За утеха, Корејците го добија второто полувреме со 1:0, а стрелец на единствениот гол, што беше и најефектен на мечот, беше Сеунг-Хо Паик во 76-тата минута.

https://twitter.com/seungho_paik/status/1599865618987356160?s=20&t=qyS1YgNQkwRHvYVNg0eapQ

 

- Оглас -

Најнови вести