Бразилец со супер аперкат, му ја „разнесе“ брадата на противникот (Видео)

Бразилскиот борец Даглас Лима, го нокаутираше досега непоразениот Британецот Мајкл Пејџ со спектакуларен потег. Ова беше борба од „Белатор 221“ гран при, а клучниот момент се случи во втората рунда.

Лима го дочека вистинскиот момент за напад кога противникот се подлизна, и пласираше убиствен удар во брадата на Пејџ, со кој го патосираше ривалот, а потоа со упте два удари го докрајчи и судијата ја прекина борбата.

Пејџ сега има 14-1, а скорот на Лима е 31-7. Погледнете го потегот со кој Англичанецот беше „размонтиран“:

- Оглас -

Најнови вести