Бразилски хит-тим може да остане без играчи, а и без стадион после коронавирусот

Најпријатното изненадување во бразилската лига Паулиста, клубот Санто Андре, поради коронавирусот може да остане без играчи, а можеби и без стадион.

Иако тимот се бори за титула, има ист број бодови со Палмеирас, а бележеше историски резултати како победа над Сао Пауло за кој играат Дани Алвеш и Пато, и реми со Коринтијанс, во Санто Андре се плашат за својата иднина. Постои реална опасност да останат без играчи, само четворица имаат договори после 15 април, а голема неизвесност има и околу стадионот, кој е во сопственост на градот, и до 25 април ќе се користи како болница.

Ако бразилската федерација ги запре регионалните првенства и прогласи шампиони, Санто Андре ќе освои трофеј за најдобар тим во силната лига во Сао Пауло, но потоа во националниот шампионат каде ќе играат сите најдобри тимови од цел Бразил, може ќе треба да играат со младинци.

- Оглас -

Најнови вести