Брестовац: Сега немаме избор, мора да ја победиме Австрија

Селекторот Данило Брестовац е разочаран од тоа како одигравме, а причината за поразот ја најде во слабиот старт на второто полувреме.

„Многу параметри не ги исполнивме и воопшто не може така да се победи на еден ваков меч. Несфатливо на еден ваков меч да не може да погодиме 6 на 5 во нападот. На полувремето се договоривме да продолжиме во ист ритам, но слабиот старт на второто полувреме е причината за поразот. Во вакви мечеви ситници решаваат. Во одлучувачки моменти нивниот голман фати зицери. Сега немаме избор мора да одиме на победа против Австрија. Мое мислење е дека Чешка во секој момент треба да ја победи Австрија со 5 разлика. Сепак тоа е на хартија, некои работи не може да се предвидат.“, рече Брестовац на прес конференцијата.

Чесите беа задоволни бидејќи овој меч за нив беше да се биде или не.

„Одигравме најдобро што можеме и многу сме среќни што успеавме да победиме. Ова беше дуел кој мораше да го добиеме, бевме под голем притисок и многу сме среќни што победивме. Ова е фантастилен резултат за нас“, вели селекторот на Чешка, Кубек.

 

- Оглас -

Најнови вести