Британски новинар го нападна шампионот: Новак врати ги сите пари од Вимблдон!

Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја потврди доминацијата на Вимблдон и го одбрани тронот на неофицијалното светско тениско првенство. За Ѓоковиќ ова беше седма титула на Вимблдон и сега е само на еден трофеј од израмнување на рекордот на Роџер Федерер.

Победата на Ѓоковиќ очигледно не беше најдобро примена од британскиот новинар Бенџамин Батерворт кој сугерираше дека Новак треба да ги врати сите пари освоени на овој турнир и тоа поради фактот дека Србинот не е вакциниран против корона-вирусот.

„Ѓоковиќ не заслужува ниту едно пени од паричната награда на Вимблдон. Ако сите донесовме себични одлуки и одбиевме да се вакцинираме против Коронавирусот, тогаш сега немаше да има турнир. Тој покажа непочитување кон противниците и љубителите на тенисот. Треба да ја донира наградата од два милиони евра во некои добротворни цели за оние кои се борат против корона-вирусот или за семејствата кои загубила блиски луѓе во оваа пандемија. Само на тој начин ќе покаже дека се кае за својата постапка“, е коментарот на британскиот новинар кој пишува за Гардијан, а е дописник и за Вашингтон пост во САД.

Оваа идеја на новинарот не доби поддршка на социјалните мрежи каде голем дел од коментарите се дека секој човек е сопственик на своето тело и дека сам одлучува за своите постапки.

Поради тоа што не е вакциниран, Ѓоковиќ оваа сезона не доби дозвола за влез во Австралија и го пропушти гренслем турнирот во Мелбурн, а според најавите, Ноле нема да добие дозвола за влез ниту во САД.

Новинарите на Вимблдон немаа милост ни кон освојувачката на тронот во женска конкуренција, па еден новинар буквално психички ја малтретираше Елена Рибакина по освојувањето на трофејот во женска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести