Артур Фери е сензацијата на тенискиот гранслем-турнир Вимблдон. Британецот роден во близина на Париз, кој на турнирот игра со специјална покана, вајлд-карта, се најде во полуфиналето откако денеска во четвртфиналето го разби Италијанецот Коболи со 6-4, 7-6, 6-1.
Фери пред да почне турнирот, беше 114-ти на АТП-листата и не е најдобро рангиран Британец. Пред Вимблдон 2026, имаше само две победи на гранслем-мечеви. Така тој стана првиот по Ник Кирјос од 2014 кој стигнал до оваа фаза, а да не е во Топ 100 на светската ранг-листа.
Неговата мајка Оливија е поранешна тенисерка, а татко му Лоик е бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб Лориен.
Фери се преселил во Лондон кога бил едномесечно бебе, па затоа игра под знамето на Велика Британија, а не на родната Франција. Инаку, фан е на Челзи.
Во полуфиналето, Фери ќе игра против Александер Зверев, кој исто така во три сета го доби четвртфиналето против Тејлор Фриц. И на Зверев, кој го освои „Ролан Гарос“ годинава, ова ќе му биде прво полуфинале на Вимблдон во кариерата.

