2.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Бриж и Барса понудија голеада, Сити ја декласира Борусија Дортмунд (Видео)

Клуб Бриж и Барселoна приредија голеада во Белгија играјќи 3-3. Домаќинот дури трипати имаше водство, но Барса наоѓаше можност да израмни.


Тресолди го отвори резултатот во шестата минута, а Феран Торес израмни две минути подоцна. Форбс во 17-тата минута повторно обезбеди предност за Клуб Бриж.


Ламин Јамал во 61-вата минута погоди за 2-2, а Карлос Форбс со својот втор гол повторно донесе предност три минути подоцна. Сепак, Цолис во 77-мата минута си постигна автогол за ново израмнување и конечно реми, 3-3.


Манчестер сити убедливо ја совлада Борусија Дортмунд со 4-1. Фил Фоден беше двоен стрелец, а погодија и Ерлинг Халанд и Рајан Черки. За гостите стрелец беше Валдемар Антон.


Интер потешко од очекувањата го победи Каират со 2-1. Лаутаро Мартинеа донесе предност за италијанскиот тим, израмни Арад во 55-тата минута, а Карлос Аугусто во 67-мата минута обезбеди триумф.


Њукасл оствари победа од 2-0 против Атлетик Билбао, а Аталанта со гол во 90-тата минута што го постигна Лазар Самарџиќ славеше на гости со 0-1 против Олимпик Марсеј.

Баер Леверкузен исто така оствари гостинска победа (0-1) против Бенфика со голот на Патрик Шик во 65-тата минута.


Галатасарај беше многу поубедлив во Амстердам против Ајакс и победи со 0-3, со хет-трикот на Виктор Осимен.

- Оглас -

Најнови вести