Бродот на Мурињо потона во Венеција

Венеција поведе со 1-0, па Рома до крајот на првото полувреме го сврте резултатот во своја полза, но и тие 2-1 за Волчицата по првите 45 минути не беа доволно за тимот на тренерот Жозе Мурињо да освои три или барем еден бод. Венеција направи пресврт и на крајот славеше со 3-2.

Матија Араму кој погоди од пенал за 2-2, стана првиот член на Венеција по уругвајската легенда Алваро Рекоба од 1999 година, кој на четири домашни мечеви по ред дал гол. Нигериецот Окереке го потврди кошмарот за Мурињо, чиј тим има само една победа на последните седум натпревари во сите натпреварувања. За Венеција, ова е трета победа сезонава и освоени се важни бодови во битката за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести