32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Егзотично е дербито во Африка, Фараоните ќе им се поклонат на Слоновите

5723 Брегот на Слоновата Коска – Египет (АФКОН, 17 часот)

Брегот на Слонова Коска е во подобра форма од Египет пред стартот на големото дерби во осминафиналето на Африканскиот куп на нациите.

Во вакви натпревари, еден момент на инспирација, добра акција, индивидуален потег може да одлучат која селекција ќе ја продолжи битката за пехарот.

БСК е селекцијата што по осми пат во последните 9 учества на АФКОН игра во нокаут-фазата, што е најдобар учинок од сите осминафиналисти, а Египет е најтрофејната репрезентација со 7 шампионски круни.

Кај БСК сите репрезентативци му се на располагања на селекторот Патрис Бомел, па Кеси, Халер, Пепе и останатите играчи ќе се обидат да го елиминираат Египет.

Кај Фараоните, се знае, главен адут е Мохамед Салах, а во составот ќе ги нема Ахмед Фатух и Акрам Тафик.

Брегот на Слоновата Коска е фаворит и типуваме дека нема да загуби во меч со најмногу 3 гола.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.50)

 

1701 Анже – Сент Етјен (Лига 1, Франција, 19 часот)

Сент Етјен, најзначајниот и најтрофеен француски клуб до почетокот на овој милениум, се наоѓа во невидена криза.

Десеткратниот француски првак е последен на табелата со 12 бода и му се заканува преселба во Втората лига.

Играчите играат и под голем притисок што го прават бесните навивачи на Сент Етјен, кои не можат да се помират со ситуацијата и со заканата за испаѓање.

Атмосферата во славниот француски клуб е лоша, па Анже може да искористи и да победи.

Најмногу поради настапот на Африканскиот куп, но и поради повреди и ковид-19 кај двете екипи има доста отсутни фудбалери, па на дел од резервите им се нуди шанса да се наметнат.

Лани Сент Етјен славеше на „Рајмонд Копа“ во Анже со 1:0, но сега типуваме дека домаќините нема да загубат во нов дуел со малку голови.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.67)

 

5724 Мали – Екваторијална Гвинеја (АФКОН, 20 часот)

Екваторијална Гвинеја беше во една од најтешките групи во првата фаза на АФКОН, со фаворитите Алжир и Брегот на Слоновата Коска, но успеа да се пробие во осминафиналето како второпласирана селекција во Е групата.

Сите три меча ги одигра со ист резултат, а двапати победи со по 1:0 и еднаш загуби со идентичен исход.

Мали е пореномирана селекција и со 7 бода беше прва во Ф групата, а интересно е дека во три меѓусебни дуели досега го победуваше денешниот ривал.

Двете репрезентации играат цврст фудбал на малку голови, па ќе типуваме дека нема да има повеќе од еден погодок на мечот што ќе се игра во Лимбе од 20 часот.

Предлог тип: 0-1 гол (2.40)

 

1245 Глазгов ренџерс – Ливингстон (Премиер лига, Шкотска, 20.45 часот)

Глазгов ренџерс, европскиот рекордер со 55 шампионски титули, е во топ-форма и нема пораз на 11 меча по ред.

Во меѓусебните дуели безмилосно го гази Ливингстон и има фантастична низа од 13 победи по ред.

И уште еден неверојатен податок дека Ливингстон успеа да постигне само еден гол против гигантот на последните 10 натпревари само потврдува кој е апсолутен фаворит за победа и денеска.

Избраниците на Џовани ван Бронкхорст се први на табелата во Шкотска и со нов триумф ќе ја задржат предноста од најмалку четири бода пред вечниот ривал Селтик.

Типуваме дека Ренџерс ќе победи и нема да прими гол од Ливингстон.

Предлог тип: 1 Сигурна победа (1.70)

 

1601 Андерлехт – Серкл Бриж (Жупилер лига, Белгија, 21 часот)

Андерлехт може да се пробие на второто место со победа против Серкл Бриж и би ги прескокнал и вечниот ривал Бриж и Антверпен.

Тоа е шанса што не се пропушта за да се обезбеди и добра позиција и повеќе бодови пред стартот на плејофот за титулата.

Серкл Бриж е опасен ривал, нанижа три победи по ред, но не го победил Андерлехт на последните шест меѓусебни дуели.

Винсан Компани одлично од клупата го предводи 34-кратниот белгиски првак и типуваме дека Андерлехт со победа ќе ја продолжи импресивната серија од 13 меча без пораз.

Предлог тип: 1(1.80) Супер тип на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести