Буфон дефинитивно се враќа во клубот каде што ја почна кариерата

Џанлуиџи Буфон во новата сезона ќе брани за матичниот клуб Парма, известуваат повеќе италијански медиуми кои се надоврзаа на информациите на Фабрицио Романо. По 26 години пауза, популарниот Џиџи се враќа на местото каде што му почна блескавата кариера откако се согласил на едногодишен договор со италијанскиот второлигаш.

Буфон имаше понуди од европски гиганти како Барселона и Реал Мадрид, но тие ги одби поради тоа што сака редовно да брани, а токму тоа ќе го добие во клубот од детството. За Парма дебитираше во 1995 година само на 17 години, а шест години подоцна Буфон го оствари рекордниот трансфер во Јувентус за 53 милиони евра.

Буфон за Парма запиша вкупно 220 настапи пред да си замине, а на „Енио Тардини“ се враќа со 28 oсвоени трофеи, каде што во следната сезона ќе настапува во Серија Б на своја 43-годишна возраст.

- Оглас -

Најнови вести