Буфон пресмета колку дена и колку часа поминале од неговото деби во Серија А

Џанлуиџи Буфон е играчот кој е рекордер по бројот на одиграни мечеви во историјата на Серија А. Легендарниот голман на Јувентус две сезони играше и во Серија Б, една сезона беше дел од Пари Сен Жермен, но и покрај тоа е рекордер.

Денеска популарниот Буфон одбележа точно 25 години од неговото деби. На 19 ноември 1995 година, во дресот на Парма Буфон првпат бранеше против Милан.

„Светот целосно се промени од моето деби досега, но јас уште не сум завршил. Уште сум тука, а поминаа 25 години, односно 9.132 дена, односно 219.168 часа и уште не завршило“, напиша Буфон на својот твитер-профил.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести