Буфон: Родителите ме „дават“ да завршам средно, догодина ќе се вратам на училиште

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, утре на градското дерби Јувентус – Торино треба да постави рекорд по број на настапи во Серија А, ќе го надмине Паоло Малдини, а 42-годишниот голман кој планира да брани и следната сезона, рече дека во есента 2021 година ќе се врати во ученичките клупи.

Џиџи на денешен ден пред 19 години потпиша за Јуве, каде дојде од Парма, има освоено сè освен Лигата на шампионите, а веќе од сега знае што ќе прави откако ќе се пензионира. Тој најави дека ќе го докомплетира школувањето и ќе има ја исполни желбата на родителите кои со години го тераат да го направи тоа.

„Кога ќе ја завршам кариерата, ќе земам пауза за да бидам со семејството, а ќе се вратам и во средно училиште и ќе ја завршам петтата година, бидејќи поради тоа родителите ме дават веќе 30 години“ – вели Буфон кој голманската кариера ја почна кога имаше 17 години и затоа немаше време за учење.

- Оглас -

Најнови вести