Бугарија во Софија никогаш не загубила на старт на евроквалификации

Бугарија – Црна Гора (18 ч.)

Меч кој иако е прв, може многу да значи за двете репрезентации. Во Бугарија владее оптимизам, посебно поради фактот кој вели дека тие никогаш не загубиле на првиот меч од евроквалификациите кога играат во Софија. Имаат еден кикс против Полска (пораз 0-3), но тој дуел се играше во Бургас.

Црна Гора има само две победи во последните 12 дуели, но ова е нов циклус и сигурно мотивот е голем. Двете селекции знаат да одиграат отворен фудбал, во нивните досегашни четири меча секогаш имало погодоци, па така треба да биде и вечерва.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.25) – квота на денот во Sport Life

 

Англија – Чешка (20:45 ч.)

Англија сака да продолжи во исто темпо како на Светското првенство и во Лигата на нациите. Гордиот Албион минатата година стигна до полуфиналето на Мундијалот во Русија, а потоа во дебитантскиот настап на Лигата на нациите го освои првото место во група со Шпанија и Хрватска, па ќе се бори за пласман на ЕП и во плејофот на ова ново натпреварување.

Добрите игри Англија сака да ги продолжи и во квалификациите, а прв предизвик за тоа е Чешка. Домаќините се фаворити, а би требало уште во првото полувреме да се израдуваат на погодок за потоа да биде полесно да се стигне до посакуваните три бода.

Предлог тип: Т11+&1+II (2.25) – квота на денот во Sport Life

 

Португалија – Украина (20:45 ч.)

Португалија во овие квалификации влегува како актуелен европски првак. „Европските Бразилци“ вечерва ќе бидат предводени од Кристијано Роналдо, кој паузираше во последните неколку месеци од репрезентативните обврски. Португалија со Роналдо е сосема поинаков тим, многу посилен, па затоа и треба да е фаворит против Украина.

Предлог тип: 1Х&3-5 (2.65) – квота на денот во Sport Life

 

Албанија – Турција (20:45 ч.)

Двете селекции играат многу променливо. Албанија има шест порази во последните 10 средби, додека Турција само двапати се израдувала на исто толку натпревари. Интересно е што кога играла Албанија, на осум од овие 10 меча било НГ, односно една од двете селекции да не постигне погодок. Турција нема дадено гол на последните четири меча, па повеќе од реално е тука да нема многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.55)

 

Аргентина – Венецуела (21 ч.)

Контролен меч на кој за првпат по завршување на Светското првенство во Русија, во дресот на „гаучосите“ се враќа Лионел Меси. Со Меси на теренот, Аргентина треба да игра многу покреативно. Со овој дуел, Аргентина полека се подготвува за претстојното јужноамериканско првенство Копа Америка, кое ќе се игра летово.

Предлог тип: 1&3+ (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести