Бугаринот провоцирал, па францускиот тенисер решил да го превоспита

Бугарскиот тенисер Адријан Андреев бил иницијатор за инцидентот што се случи по завршување на тенискиот меч на АТП-турнирот во Орлеан, Франција. Андреев со голем пресврт успеа да слави против домашниот натпреварувач Корентин Муте, и тоа со 2:6, 7:6, 7:6, а инцидентот се случи по завршување на дуелот.

Двајцата тенисери дојдоа до мрежата, си подадоа рака, но потоа почна туркање меѓу двајцата, па мораше да реагира и главниот судија за да спречи поголем инцидент.

По инцидентот, прв се огласи францускиот тенисер Муте, кој ја кажа својата верзија за инцидентот. Муте вели дека бугарскиот тенисер бил провокатор и неколку пати го опцул.

„Нема да се извинам за тоа што се случи по мечот. Кога еден тенисер ќе си дозволи двапати на противникот да му рече „е*и се, е*и се“ и да го гледа во очи, тогаш не може да се остане смирен. Такви работи не смее да се кажуваат“, објасни Муте зошто се случил инцидентот.

- Оглас -

Најнови вести