Бускетс и Алба ѝ помогнаа на Барса да го регистрира Агуеро

Серхио Бускерс и Жорди Алба, двајцата од капитенскиот тим на Барселона, се согласија на помали плати што ѝ овозможи на управата да ги регулира финансиите.

Така Каталонците успеаја да го регистрираат Серхио Агуеро, еден од новите членови на екипата. Претходно на помала плата се согласи и Жерар Пике, по што клубот успеа да ги регистрира и другите летни аквизиции Мемфис Депај и Ерик Гарсија, додека подобрување во финансиите се овозможи и по продажбата на Емерсон Ројал во Тотенхем за 30 милиони евра, бекот кој пристигна на „Камп ноу“ на почетокот од летниот преоден рок, но не доби шанса да ги брани боите на шпанскиот гигант.

На Барселона ѝ останува уште да ја среди работата со договорот на Серхи Роберто, на кого му истекува по крајот на актуелната сезона.

- Оглас -

Најнови вести