Чаби Алонсо ќе има тренерско деби од соништата, ќе предводи голем клуб од Бундеслигата

Чаби Алонсо ќе има одлично деби како главен тренер на голем клуб, а германските медиуми објавија дека ќе биде новиот кормилар на петкратниот шампион Борусија Менхенгладбах.

Големиот шпански ас речиси сигурно ќе биде нов кормилар на улесникот во Лигата на шампионите, и тоа од ова лето како замена за Марко Розе, кој ќе се пресели кај имењакот, Борусија Дортмунд.

Алонсо досега беше тренер на втората екипа на Реал Мадрид и на Б составот на Реал Сосиедад, а новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк објави дека веќе е „капарисан“ како наследник на Розе.

Борусија Менхегладбах има пет шампионски круни во Германија и е на делба на шестата позиција на вечната листа заедно со Штутгарт.

Сезонава играа во Лигата на шампионите, каде во осминафиналето ги сопре Манчестер сити со две победи од по 2:0. Борусија моментно е на десеттото место на табелата во Бундеслигата, а против Шалке 04 викендов со победа од 3:0 успеа да ја сопре серијата од 9 меча без триумф, 8 од нив со порази и само едно реми.

- Оглас -

Најнови вести