Чачиќ: Шкупи во хрватското првенство сигурно не би се борел за опстанок

Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, во текот на изминативе два дена, колку што беше во Скопје, постојано потенцираше дека Шкупи е квалитетен тим кој игра цврсто и дека не случајно чаирчани му создадоа толку потешкотии на фаворизираниот хрватски шампион. По синоќешната победа, Чачиќ уште еднаш потенцираше дека Шкупи има добар тим кој сигурно би котирал солидно ако игра во хрватската лига.

„Шкупи има квалитетен состав и ако биде во хрватската лига, сигурно не би се борел за опстанок. Точно е дека со 5:1 го победивме Славен Белупо, а тука се намачивме, но тоа не мора да е некое мерило за ранг во првенство. Ова беа само два натпревари, а во првенство се играат по 36 кола и мора формата константно да биде добра“, анализираше Чачиќ.

- Оглас -

Најнови вести