Чави бара трпение и уште едно засилување, а индиректно го нападна Столе Димитриевски

После киксот на Барселона која дома одигра само 0-0 против Рајо Валјекано на стартот на новата сезона во шпанското првенство, тренерот Чави даде мини-анализа на случувањата на теренот.

„Рајо тактички одигра многу добро. Добро се бранеа. Разочарани сме, но барам трпение од фановите и верба дека овој модел ќе ни донесе успех. Во второто полувреме го сменивме системот и го ослабевме средниот ред за да се засили нападот, но ни фалеше острина и прецизност во завршницата“ – рече Чави, кој смета дека на тимот му треба и уште еден нов десен бек.

Потоа Чави се жалеше дека имало многу прекини и смета оти во фудбалот треба да се запира времето кога играта е во аут или топката не е во нечии нозе.

„Со трошењето на време, мечот стануваше побавен и побавен. Мислам дека треба да има ефективно време во фудбалот како и во другите спортови. Вака, и 22 минути да го продолжи судијата мечот, џабе е“ – рече Чави.

Во финишот на средбата, Столе Димитриевски доби жолт картон за задржување на време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести