Чави му нуди трампа на Клоп, сака да ги разменат напаѓачите

Барселона сака во зимскиот преоден рок на „Камп Ноу“ да го донесе напаѓачот на Ливерпул и на бразилската репрезентација, Роберто Фирмињо.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, сака Фирмињо да ја засили конкуренцијата во нападот до Фирмињо, но нема намера да плаќа никаква отштета, туку нуди размена и за таа цел е подготвен да го жртвува Мемфис Депај.

Договорите на двајцата истекуваат на крајот од сезоната, а и Депај и Фирмињо уште минатото лето беа на излезни врати од Барселона и Ливерпул.

Фирмињо се наоѓаше пред заминување по завршување на ланската сезона, но откако Садио Мане се пресели во Баерн Минхен, а се повредија Диого Жота и Луис Дијаз, одлучи да остане на „Енфилд“ до крајот на договорот.

Од друга страна, Чави не смета на услугите на Депај и сакаше уште пред почетокот на сезоната да го продаде, но Холанѓанецот ги одби сите понуди и одлучи да ја доигра сезоната и да си замине како слободен играч.

- Оглас -

Најнови вести