Чави: Не сум загрижен поради Левандовски, туку како ќе ја освоиме Ла Лига

Барселона вчера не успеа да ја победи Жирона играјќи 0:0 и за првпат сезонава врза два натпревари без постигнат гол.

Главниот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, сезонава даде 27 гола, од кои 17 во Ла Лига, но во последните неколку недели никако не може да ја затресе противничката мрежа.

Полјакот од февруари досега постигна само три гола, но тренерот на Барселона, Чави Ернандес, не е премногу загрижен за слабата реализација на неговиот главен напаѓач.

„Не сум загрижен поради Левандовски, загрижен сум како ќе ја освоиме Ла Лига. Игравме добро против Жирона, не постигнавме гол, но мислам дека заслуживме да победиме. Сега имаме 13 бода предност пред второпласираниот тим на табелата, но некој да ни понудеше ваква ситуација пред почетокот на сезоната, без размислување ќе ја потпишевме“, изјави Чави.

Барселона во следното коло ќе му гостува на Хетафе, по што ќе следува дерби-пресметката со Атлетико Мадрид на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести